Тимот на Солар Спектар секогаш бара нови предизвици и начини за стекнување нови вештини или подобрување на истите. Еден начин за да се оствари тоа беше обуката организирана од Солар Македонија во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Обуката беше со цел – учење на софтверот PV-Sol, кој се користи за дизајн и симулација на фотоволтаични системи со 3D визуелизација и детална анализа на засенување. Обуката беше предводена од страна на обучувачи од англиската компанија Solar Design, кои имаат долгогодишно искуство во областа на проектирање на фотоволтаични централи.