Мониторинг

Screen Shot 2020-11-23 at 12.28.07 PM

24/7 мониторинг

По изведбата на проектот и стартување на централата, ние сме целосно посветени на понатамошно правилното функционирање на истата. Солар Спектар АГ врши постојан мониторинг на перфомансите, со цел да бидеме сигурни дека е задоволено оптималното ниво на производство, а доколку откриеме одредена слабост на системот веднаш пристапуваме кон отстранување на проблемот. Покрај тоа, во пакет со вашиот нов систем ви следува и апликација, така што ќе можете и вие да го следи вашето производство и заштеда на електрична енергија во секое време.

  • Фотоволтаичниот систем и системот за мониторинг и контрола одат во комплет едно со друго. Нема побрз начин да се провери состојбата на системот од тоа да се користи далечински мониторинг систем. Мониторингот му овозможува на инвеститорот да ја следи функционалноста на системот, односно да потврди дека системот произведува толку електрична енергија колку што е предвидено во проектот, а на проектантот му овозможува постојан увид во состојбата на системот, што значи побрзо добивање на информации за невообичаени состојби и полесно решавање на проблемите кои можат да го нарушат нормалното работење на Фотоволтаичниот систем.

  • Како најчесто решение за далечински мониторинг и контрола на ФВ систем се користи безжична конекција преку Bluetooth или Wi-Fi која може да се инсталира кај енергетските преобразувачи – инвертори. Инсталацијата за мониторинг се проектира заедно со електриката и се изведува при инсталирањето на инверторите на терен. Безжичната конекција за да овозможи далечински мониторинг користи повеќе начини за комуникација од кои најчести се: Ethernet, Internet, dial up access или GSM. На тој начин, се испраќаат пораки за состојбата на системот до контролниот корисник, а корисникот може да ги добие на повеќе уреди, како: статичен компјутер, лаптоп и други паметни уреди. Податоците можат да бидат во форма на SMS пораки или нотификации од интернет апликација направена од производителот на инверторот. Најчести параметри за кои се добиваат информации од мониторинг системот се: произведена моќност на системот, напон на системот, напон на мрежа, струја на системот и струја на мрежа.
This site is registered on Toolset.com as a development site.