Изведба

Изведба на проектот

Откако фазата на проектирање ќе биде завршена, можеме да пристапиме кон изведба на проектот. Без разлика дали се работи за проект на земја или кров, нашиот професионален тим, посветено и внимателно врши инсталација и оптимизација на фотоволтаичните системи, при тоа грижејќи се за безбедноста и уредноста при понатамошното користење и управување со централата.

Обезбедени сме со сплотен тим на искусни монтери и електричари како и инженерски кадар за контрола на изведбата, машини за транспорт и полесно манипулирање на опремата на терен. 

Тоа го прави целиот процес многу поедноставен. Затоа многу често завршуваме со комплетна испорака пред предвидениот рок.

Работиме по германски стандарди и вложуваме максимум од себе за врвни резултати во изведбата на централите. Во изминативе 10 години без инвестиција во маркатенги ние успеавме да бидеме компанија број 1 во земјава, благодарејќи само на позитивните искуства со нашите клиенти.

This site is registered on Toolset.com as a development site.