Консултантски услуги

Консултантски услуги

Ви нудиме консултантски услуги во насока на разумно искористување на Вашите средства, овозможување на најголема ефикасност на системот и најкраток рок на поврат на инвестицијата. Изготвуваме целосна анализа на фотоволтаичен систем прилагоден на Вашите потреби и барања, а тоа вклучува: придобивки од инвестицијата, трошоци, препорака за избор на опрема, проценка на перфомансите на централата, процес за откуп на електрична енергија, процедури за добивање на лиценца, временска рамка за комплетирање на проектот, како и опции за финансирање.

Ние ги разбираме потешкотиите во донесување на финансиски одлуки, а за инвеститорите ова е многу важно прашање. Поради оваа причина одржуваме одлична соработка со неколку финансиски институции, и преку овие партнерства, можеме да Ви понудиме повеќе опции за финансирање. Ние ќе се погрижиме да го добиете најдоброто решение за Вас. Секогаш се трудиме да ги надмине Вашите очекувања во секој чекор од процесот. Затоа велиме дека кај нас добивате услуга “клуч на рака”, од почеток до реализација на проектот и подоцна низ целукупниот век на постоење на централата.

This site is registered on Toolset.com as a development site.