ЗА НАС
Профил на компанијата
Солар Спектар АГ ДООЕЛ е брзорастечка компанија која е основана во 2011 година во Скопје, со основна дејност производство на електрична енергија од обновливи извори. Нашата компанија нуди иновативни и одржливи решенија кои вклучуваат, проектирање, инсталирање, мониторинг и одржување на фотоволтаични системи (клуч на рака). Нудиме широк спектар на производи од реномирани светски производители на опрема, со висок квалитет и конкурентни цени во комбинација со професионална услуга. Се грижиме за своите вработени и им овозможуваме услови за унапредување на своите знаења и искуства во областа во која дејствуваме. Нашиот инженерскиот кадар е комплетно обучен во Германија и ги поседува потребните сертификати за квалитетен инженеринг и изведба. Посветени сме кон континуирано намалување на штетните CO2 гасови преку зголемена употреба на сончевата енергија. Така гледаме чекор понапред со цел да ја заштитиме животната средина, да го искористиме рационално сончевото зрачење со одлични параметри во овој регион, а во исто време на нашите клинети да им понудиме правилна насока за инвестирање на своите средства.
Вредности
Одговорност
Користиме чиста и обновлива енергија и преку изнаоѓање на напредни еколошки технологии се грижиме да ја зачуваме животната средина за сите нас.
Сигурност
Истражуваме и нудиме решенија кои се економски поволни, а ги исполнуваат дури и најголемите очекувања на нашите клиенти. Стоиме зад сето она кое го нудиме како услуга.
Посветеност
Посветени сме кон градње на долгорочни партнерски однос со нашите клиенти.

Визија
Да бидеме компанија број еден во регионот, со континуиран раст на задоволни клиенти кои ќе го потврдат целокупниот квалитет на нашите услуги.

Мисија
Се стремиме кон тоа да ја направиме сончевата енергија достапна и максимално корисна за луѓето, преку нашите комплетни решенија за фотоволтаични системи по принцип „клуч на рака“.

Сертификати
⦁ Лиценци и овластувања
⦁ Исо сертификати
⦁ Признанија

Кариера
(Во моментов немаме отворени работни позиции. Доколку сте заинтересирани за соработка Вашите биографии испратет ни ги на маил solarspektar@gmail.com, за да Ве имаме во базата на податоци.)
