Одржување

Одржување

Солар Спектар АГ останува сервис партнер на своите клиенти и по завршување на обврските. Изградената доверба не завршува со самото пуштање во работа на фотоволтаичната централа, истата продолжува и во следниот период каде комплетно се грижиме за перформансите на централата. Ние стануваме Ваш долгогодишен партнер на кој во целост можете да му верувате. Со цел да се зачува функционалноста на централата и континуирано да се користат придобивките кои ги овозможува еден фотоволтаичен систем, од големо значење е одржувањето.

 Тоа подразбира серија од проверки на фотоволтаичните панели, енергетските преобразувачи – инверторите и електричната опрема која е употребена. На тој начин инвеститорот добива гаранција дека фотоволтаичниот систем работи со највисока ефикасност и дека може да се одбегнат идни проблеми кои би предизвикале поголема штета, односно помало производство на електрична енергија или загуби во ефикасноста на системот.

Проверката на елементите ги вклучува следните активности:

Проверка на кабелска опрема

се прави проверка на конекторите и терминалите каде каблите остваруваат врска со останатите елементи од електричната опрема. Таму каде што врската не е цврста може да настане електричен лак, зголемување на температурата, а во некои случаи и куса врска што доведува до неправилно функционрање на опремата. За да се избегнат такви проблеми, се прави проверка на механичката и електрична врска помеѓу кабелската и заштитната опрема.

Проверка на кабелска опрема

се прави проверка на конекторите и терминалите каде каблите остваруваат врска со останатите елементи од електричната опрема. Таму каде што врската не е цврста може да настане електричен лак, зголемување на температурата, а во некои случаи и куса врска што доведува до неправилно функционрање на опремата. За да се избегнат такви проблеми, се прави проверка на механичката и електрична врска помеѓу кабелската и заштитната опрема.

Screen Shot 2020-11-23 at 3.38.11 PM

Чистење на фотоволтаичните панели

Нашата компанија исто така нуди и чистење на соларните панели. Во зависност од локацијата, на нечистотијата од панелите се препишува околу 70% од вкупната загуба на енергија. Големи количини може да се акумулира на површината на панелите при што се блокира сончевата светлина и се намалува производството на енергија. Редовното чистење на фотволтаичните панели е многу важно и треба континуирано да се прави со цел да се загарантира предвиденото производство.

QLEEN e најдобро решение за чистење на секаков тип на фотоволтаични централи. 

Инсталираните фотоволтаични централи се постојано изложени на најразлични загадувачи кои создаваат површинска нечистотијата на панелите, што пак ја нарушува ефикасноста на централата и го намалува производството на електрична енергија. Голем дел од оваа нечистотија се одмива со дождовите, но по одредено време најчесто во долниот дел на панелот се формира тенок слој на талог кој останува, а тоа ја намалува ефикасноста на панелот, односно на целата централа. Ова може да се спречи со машинско миење на фотоволтаичните панели, а ние препорачуваме тоа да биде најмалку еднаш годишно.

Солар Спектар поседува професионална алатка за чистење QLEEN од компанијата Lehmann KG кои нудат  докажани решенија за чистење фотоволтаични централи. QLEEN системите се дизајнирани за мобилна употреба и се многу флексибилни. Тие можат лесно да се прилагодат на различни услови за чистење. Висококвалитетните компоненти обезбедуваат брзо и ефикасно чистење на помали и поголеми централи – во секое време.

QLEEN системите работат со деминерализирана вода (чиста вода), со што се овозможува еколошки и нежно чистење – без никаква хемија. Исто така производот користи само малку вода и енергија за време на неговата работа, односно има потрошувачка на вода од помалку од 160 литри/час.

This site is registered on Toolset.com as a development site.