На ден 30.01.2020 беа потпишани договори за изградба на 11 фотоволтаични централи на државно земјиште, на локации во Македонски Брод и Свети Николе.
Како една од водечките компании за проектирање, надзор и изведба на фотоволтаични системи во нашата држава, на компанијата Солар Спектар и беше доделено државно земјиште за изградба на фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 1MW. Со оваа централа Солар Спектар зема активно учество во борбата против климатските промени, како и во борбата за зголемување на искористеноста на сончевата енергија. Повеќе за доделувањето на договорите можете да видите на следниот линк: