Со годишно производство од 1.404.434 kWh и годишни избегнати емисии на CO2 од 491.520kg, Солар Спектар активно учествува во енергетската стратегија на Европската Унија за зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во вкупното производство како и намалување на емисијата
на стакленички гасови.
Со изведбата на овој систем, Солар Спектар достигнува вкупна инсталирана моќност од 7477,815 kW и ќе продолжи и понатаму да го зголемува уделот на сончевата енергија во вкупното производство на енергија.