Солар Спектар набави професионална опрема за чистење на фотоволтаични панели

Нашата компанија набави професионална алатка за миење QLEEN од германската компанија Lehmann KG. QLEEN системите се дизајнирани за мобилна употреба и се многу флексибилни. Тие можат лесно да се прилагодат на различни услови за чистење. Висококвалитетните компоненти обезбедуваат брзо и ефикасно чистење на помали и поголеми централи – во секое време.

QLEEN системите работат со чиста вода, со што се овозможува еколошки и нежно чистење – без никакви хемикалии. Исто така производот користи само малку вода и енергија за време на неговата работа при секојдневното работење, односно има потрошувачка на вода од помалку од 160 литри вода на час.

На сликите подолу е прикажана QLEEN алатката што би се користела за миење на фотоволтаичните панели:

Како би се одвивало миењето на соларните панели можете подетално да видите на следниот линк:

This site is registered on Toolset.com as a development site.